Зошто тогаш не нè праша?! – Мајка на загинат во „Пулс“ со остар одговор до Тошковски

Скандалозната изјава на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, дека родителите на трагично загинатите деца во кочанската дискотека „Пулс“ биле „организирани“ од опозицијата, предизвика бурна реакција од една од мајките која го загуби своето дете во пожарот.

„Зошто кога бевме кај него не нè праша дали нè организира опозицијата?!“ – прашува таа во коментар на Фејсбук, откако министерот индиректно ги обвини родителите дека нивниот протест пред Собранието бил политички инструиран.

Наместо сочувство и разбирање, родителите на загинатите добија сомнежи и обвинувања. Министерот, во синоќешното интервју на ТВ „Алфа“, рече дека „се срами што е дел од општество во кое опозицијата сака на сметка на солзи на родители кои изгубиле чедо, да добие лајк на Фејсбук“.

На денот кога Собранието расправаше за интерпелацијата за неговата работа – поради очигледниот институционален колапс кој доведе до трагедијата со шест млади животи – родителите мирно протестираа во Скопје барајќи одговорност. Наместо отчет, добија политичка етикета.

„Не ни треба опозиција да ни каже да бараме правда. Нашите деца изгореа живи поради вашата неработа“, коментираат други граѓани под објавата, осудувајќи го односот на министерот.

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ не беше политички настан. Беше човечка катастрофа – за која никој сè уште не одговара. А кога министерот обвинет за пропусти почнува да ја обвинува јавноста – тогаш вистинскиот срам допрва почнува.

Може да ве интересира