Цуцуловски: Пролетерите нема што да загубат, а можат сѐ да добијат

По повод Меѓународниот ден на трудот, со свој став се огласи и универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски, кој во своја објава остро ја посочи неправдата со која се соочуваат работниците во денешното општество.

„Пролетерите, трудбениците нема што да загубат, бидејќи немаат ништо. А можат сѐ да добијат, бидејќи сѐ што имаме е резултат на нивниот труд, на нивната пот, како и на нивните неизвалкани раце“, напиша Цуцуловски, алудирајќи на неправедната распределба на богатството и моќта.

Во време кога илјадници работници протестираат за достоинствен труд, пораката на професорот е силен повик за будење и солидарност. Трудот е вредност, не трошок – и токму затоа 1 Мај не треба да биде само празник, туку и потсетник на непрекината борба за правда.

Може да ве интересира