Мојсоска: Кадровските решенија на министерот кој ќе го “рестартира” системот

Во пресрет на интерпелацијата против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од страна на партијата Левица, пратеничката и Генерален Секретар на партија, Јована Мојсоска преку социјалните мрежи упати жестока критика за кадровската политика што ја води министерот кој, како што вели, требало да го „рестартира системот“. Таа директно ги поврза последните именувања со партиски и фамилијарни интереси, обвинувајќи за тешки злоупотреби на власт, токму во време кога Македонија е погодена од една од најголемите трагедии во својата историја.

Кадровските решенија на министерот кој ќе го “рестартира” системот:

Жарко Златески – ВД командир на ПС Македонски Брод (братучед на пратеничката Бисера Златеска и именуван после трагедијата во Кочани);


Братучедите на Тошковски, Крунислав Хаџи Наумов и Благојче Хаџи Наумов, експресно унапредени во СВР Велес (од помлад инспектор во самостоен инспектор и личен телохранител на Мицкоски и од обичен полицаец до виш инспектор);


Сашо Петрушевски (државен секретар на МВР од ЗНАМ, кривично гонет за злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување);


Ердол Рамадан – командир на ПС Ропотово, за време на владеењето на СДС и ДУИ пукаше со автоматска пушка, по што Тошковски го врати на функција (овој пат како кадар на ВРЕДИ).

Утре во Собранието е ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА против Тошковски поднесена од #Левица, додека мајките на настраданите деца ќе протестираат во Скопје. Обвинуваа за политичко ЛЕШИНАРЕЊЕ оние кои на денот на најмасовниот погреб во историјата на Македонија платиле 400.000 евра ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА МЕРЕЊЕ РЕЈТИНГ.


Иако имаат буџет од партиско-истражувачки центри, кога Македонија тагувала, партијата на Мицкоски гледала како да исцеди пари преку буџет на влада, да шиканира, да демонизира, да се заканува.

Во најголемата трагедија на Македонија, на младите им го ускративте правото да тагуваат за своите врсници! Поради вашата параноја да не ја изгубите фотелјата МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ мора да има.“ стои во објавата на Мојсоска.

Додека Македонија се бори да заздрави од болката по трагедијата, зборовите на Мојсоска фрлаат тежок камен врз совеста на владејачките структури. Наместо обединети во тагата и грижата за иднината, властите – според ваквите гласови – избрале да го зацементираат својот интерес по цена на човечкото достоинство. Интерпелација нема да биде само гласање за или против еден министер, туку и глас за тоа какво општество сакаме да бидеме: она во кое моќта штити привилегии, или она во кое тагата на народот има поголема вредност од рејтинзите.

Може да ве интересира