АктуелноЛокално

24 години од масакрот кај Вејце – Военото злосторство кое никогаш не се расчисти

Денес се бележат 24 години од најбруталниот масакр од заседа кога беа ПРЕДАДЕНИ 8 македонски бранители. Воено злосторство налик на најгрозоморните дела на ИСИС кое никогаш не се расчисти, а останаа само шпекулации за директна инволвираност на актуелни функционери.


Сашо Гилевски, припадник на Посебната единица на СВР Битола, е еден од првите кој пристигнуваат на кобното место. Тој масакрот го опишува вака:

„Истрчав, ама што да видам: Марјан, Кире и Бошко горат. Малку потаму лежеа мртви и припадниците на „Волците“, тие не беа запалени. Очигледно беше изживувањето врз нив. Беа удирани со кундаци по лицето, на еден мозокот му беше истурен, очите им беа вадени со нож. Беа потурени со газија, мирисот се чувствуваше во воздухот. Бошко и Кире лежеа еден до друг во пламен, а Марјан беше малку понастрана од нив. Гореа како свеќи.

Знаев дека Кире имаше прстен со црн камен. Марјан го препознав по висината, а Бошко по тоа што беше покрупен. Толку беа јагленисани, што кога ги подигавме на едниот му се откачи ногата. Каде и да ја ставев, раката ми пропаѓаше во месото. Кревајќи ги, сите прсти од рацете ми беа изгорени, ама самиот си ветив дека ќе ги однесам Битола за достојно да бидат погребани. Нема да ги оставам на ѕверовите и дивите животни во планина да ги растргаат.“

На 19 јули 2011 година со Автентичното толкување на Законот за амнестија сторителите беа амнестирани од страна на Собранието на Македонија, со гласење на пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

A S

Aleksandar Simonov