Ботенга до Калас: Неколку убави зборови за Палестинците, повеќе оружје за Израел? Тоа не е баланс, туку учество во геноцид!
Белгискиот европратеник Марк Ботенга од Работничката партија на Белгија, во своето обраќање до Калас, изрази длабока загриженост за односот на ЕУ кон израелско-палестинскиот конфликт. Тој ја обвини ЕУ за двојни стандарди, истакнувајќи дека додека за руските воени злосторства во Украина се воведени над 40 санкции, за Израел, кој е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, не е воведена ниту една санкција .
Во своето обраќање, Ботенга рече:
„Вие сте министерка за надворешни работи на ЕУ и знаете дека Меѓународниот суд за воени злосторства нареди апсење на израелските лидери, но сепак отидовте во Израел и вашите први зборови беа: ‘Ние сме многу добри партнери!’
Какви добри партнери? Во злосторство? Во геноцид? Во етничко чистење?
Овие зборови се срам за ЕУ и никогаш повеќе не би смееле да бидат кажани!
Зборувате за балансиран пристап! Балансиран на што, на воено злосторство, на геноцид? На убивањето на 15 хуманитарни доброволци? На масовните гробници и убивањето деца?
И што точно би бил тој баланс?
Неколку убави зборови за Палестинците, повеќе оружје за Израел? Тоа не е баланс, туку учество во геноцид!
Кога станува збор за воените злосторства на Русија во Украина никогаш не сум ве слушнал да зборувате за балансиран пристап.
Постојат 40 санкции во ЕУ, а ниту една усмерена кон Израел кој пред Меѓународниот суд е обвинет за геноцид.
Меѓународниот суд бара апсење на Нетањаху, а сеуште нема санкции од ЕУ.
Веднаш да престанете со соучесништво и воведете им санкции! На Палестинците им требаат дела, не зборови! Овие празни зборови не го спасија животот на ниту едно палестинско дете!
Престанете со ова веднаш!“
Обраќањето на Ботенга е болно и неопходно разобличување на срамната политика на Европската унија која, додека лицемерно проповеда вредности за човекови права и меѓународно право, во пракса ги гази истите тие принципи со сервилно молчење пред најтешките злосторства на нашето време.
Денес ЕУ не е ништо повеќе од еден циничен актер кој, преку своето соучесништво и морално банкротирање, не само што ја легитимира етничката прочистка и масовното уништување на палестинскиот народ, туку активно го овозможува – притоа покажувајќи дека зад секој убав збор за демократија стои студена калкулација на интересите, а зад секој повик за мир се крие перфидна поддршка за најмонструозните форми на угнетување и геноцид.