АктуелноЛокално

Мојсоска: Да не сте му во кожа на родител што предвреме го закопал своето дете

Објавата на Јована Мојсоска стана огледало на најстрашната вистина за оваа земја: дека човечкиот живот овде вреди помалку од политичкиот рејтинг. Додека родителите во Кочани ја живеат својата најголема ноќна мора, власта на ДПМНЕ им испраќа закани – за да молчат, да не бараат правда, да не го нарушуваат мирот на корумпираните функционери.

„Сега треба и на родителите од Кочани да им мудруваме како треба да протестираат, да жалат, да бараат правда? Затоа што некое партиско началниче земало мито шталата да работи, затоа што партиските инспектори пиеле бесплатно во дискотеката на пеколот…“, напиша Мојсоска, прецизно опишувајќи како корупцијата на властите им одзема на луѓето не само иднина – туку и достоинството во трагедијата.

Од мајки што денеска требаше да ги бакнуваат своите деца, добиваме сведоштва дека полицијата им се заканува: „НЕ СЕ ПЛАШИМЕ, немаме што да изгубиме, нека не’ апсат!“ – кажа една мајка на протестот. Срам за држава што наместо да се поклони пред болката на сопствениот народ, ја гази и таа последна искра на достоинство.

Гледаме власт што не се плаши од криминал, туку се плаши од вистината. Власт што гони скршени мајки, но штанца нови тендери за свои бели дворци. Власт што брои профит, додека пациентите на онкологија бројат последни денови.

„Гледајте колку е поулавена власта на ДПМНЕ – по никоја цена да не трпи рејтингот, спремни и на скршени мајки да се закануваат!“, го забележува Јована Мојсоска она што го гледа цел народ: злобата на еден режим кој падот сака да го спречи со репресија.

Но вистината не може да се апси. Болката не може да се забрани. Срамот веќе е запишан – во сите мајчински солзи, во сите неиспратени абитуриентски матури, во сите неми погледи на родителите што закопуваат деца, додека партиските “началници” ги бранат своите бели палати.

Овој пат нема кој да молчи за вас. Македонија никогаш нема да го заборави ова понижување.

Z P

Zvezdanka Pesikj