АктуелноЛокално

Црвена Младина: Природата има сојузници – Зелена револуција започнува од младите

Во духот на заедничката грижа за природата и подобра иднина, Црвена Младина заедно со Зелениот сектор на Левица вчера организираа еколошка акција за садење дрвца во Градскиот парк во Скопје.

Оваа акција е дел од континуираните напори на младите активисти да го истакнат значењето на непосредното делување кога станува збор за заштитата на животната средина.


„Младите имаат волја, свест и енергија да делуваат, не само со зборови, туку и со дела“, порачаа организаторите од теренот, засадувајќи нови садници во срцето на градот.

Со секое засадено дрвце, активистите испратија силна порака: потребни ни се зелени, чисти и здрави урбани средини — простори што дишат, што ги зближуваат луѓето и што ја враќаат природата во секојдневието.

Организаторите упатија апел до сите граѓани да се вклучат во зачувувањето и проширувањето на зеленилото. Воедно, тие побараа од институциите да покажат поголема одговорност преку изработка на долгорочни планови за пошумување, редовна грижа за младите садници и поддршка на вакви граѓански иницијативи.

„Голема благодарност до сите учесници во денешната акција — заедно градиме поубава и позелена Македонија!“, порача Црвена Младина, најавувајќи нови еко-акции и во иднина.

Z P

Zvezdanka Pesikj