САД и Иран водат преговори во Оман околу иранската нуклеарна програма за првпат после едностраното повлекување во време на Трамповата гарнитура од Договорот JЦПОА склучен во 2015 помеѓу П5+1 (Кина, Франција, Германија, Русија, Обединетото Кралство и Соединетите Држави), Европската Унија и Иран.
Во тој дух беше воден и Астанскиот процес (2017) за Сирија каде што Русија и Иран охрабрени од овој дипломатски успех ѝ издиктираа услови на Турција и го загарантираа опстанокот на оваа држава. Потоа, во 2018 САД се повлекоа од овој договор при што беше поништен напорот на гарнитурата на Обама и европските сојузници да се избалансира сојузништвото со Израел и агресивноста кон Иран.
Трамп сметаше дека Договорот ЈЦПОА е премногу поволен за Иран и бараше постигнување нов договор. Иран тоа не го прифати делумно затоа што освен САД од договорот не се повлече ниту една друга земја. Трамп ескалираше со кукавичкиот атентат против генералот Касем Сулејмани среде преговори на 3. јануари 2020 дополнително антагонизирајќи го Иран. Војната во Украина (2022 – ) доведе до натамошно зближување помеѓу Иран и Русија при што Иран доби можност да го тестира своето високо-технолошко оружје (дроновите Геран и Шахид) во оваа војна.
На 7 октомври 2023 ескалираше и Хамасовиот „Тајфун ал-Акса„ потпомогнат од Иран, Хезболлах и Јемен. Иран имаше можност да ја демонстрира својата напредна ракетерија при нападите во рамки на операциите „Исполнето ветување 1 и 2„ после кои стана јасно дека директен напад на Израел врз оваа земја би резултирал со фијаско. Во меѓувреме важната логистичка рута кон Либан и Палестина – Сириската Арапска Република – остана небранета особено поради преференцијата на Башар Ал-Асад потесно да соработува со Русија (која беше зафатена во Украина) одошто со Иран. Турција која беше понижена во Астана 2017 година ја искористи ситуацијата за да ги постигне своите империјалистички цели на северот на Сирија. Во последниот месец од 2024, технолошки инфериорната Сириска арапска армија беше набрзина совладана од вахабитските банди на чело со ХТШ (чедо на Ал-Каида) вооружани со дронови од Украина. Со падот на Сирија во немилост се најде и Хезболлах чија што помош на Сирија, потоа Палестина и херојски отпор кон Израел не беше доволен за изолација на Ционистичкиот ентитет што всушност и беше цел на Оската на отпорот предводена од Иран.
Ваквата состојба доведе до окупација на делови од Либан и Сирија од страна на Израелската војска. Повторното доаѓање на власт на Трамп во 2024 дополнително ги зајакна позициите на Израел кој доби посилна поддршка, а со трагичното загинување на Раиси 6 месеци порано и во Иран се одржаа избори каде победи реформистичкото крило на Пезешкијан кое е повеќе склоно кон деескалација со САД. Од друга страна САД која бара деескалација со Русија нема да може да одвои средства за напад на Иран дури и доколку успее да постигне договор за прекин на огнот во Украина – тие најверојатно ќе продолжат да ја вооружуваат украинската војска и ќе се обидат да ја припојат кон НАТО.
Најнакрај, директен договор помеѓу САД и Иран во оваа фаза е можен поради: неуспесите на Оската на отпорот во Сирија и Либан, неможноста на Израел да се справи директно со Иран, ескалацијата и геноцидот на Израел во Газа и падот на било каквата можност за договор со земјите во опкружувањето (особено во Саудиска Арабија која деескалираше со Иран), потребата на Иран да деескалира со САД и Израел поради бројните стратешки загуби и потребата за реорганизација, неможноста на САД да ја елиминираат пречката на Хутите (кои по спласнувањето на Хезболлах ќе го наследат како главна алатка на Иран за проекција на сила во регионот) и неможноста на САД да си приуштат евентуален напад на Иран.
Битна ставка околу која е можно да се разговара во Оман може да биде и присуството на САД во Ирак каде што шиитските Популарни мобилизациски сили не гледаат најблагонаклоно на присуството на САД, особено поради тоа што оваа земја може да се најде и на радарот на турскиот империјализам и вахабитските банди после падот на Сирија.