Во сенка на последните апсења и скандали околу Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), вреди да се потсетиме на коренот на проблемот. Целиот состав на Антикорупциската комисија беше избран со гласовите на широката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои заеднички, со 97 пратенички гласови, изгласаа лица кои требаше да го бранат јавниот интерес. Меѓу нив и денес поапсената претставничка на ова тело.
Тогаш Левица предупредуваше – безуспешно – за контроверзниот избор, вклучително и за членката која е сопруга на Филип Медарски, адвокат на поранешниот премиер Зоран Заев. И покрај јасната поврзаност со политичките центри на моќ, таа беше поддржана од двете партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – кои на хартија глумат опозиција и власт, но во реалноста делуваат синхронизирано веќе 35 години.
„Потсетување дека поапсената антукорупционерка и целиот состав на ДКСК си го изгласа широката коалиција на ДПМНЕ и СДС со 97 гласа.
Потсетување дека уште тогаш Лвица реагираше за сопругата на Филип Медарски (адвокат на Зоран Заев), која ДПМНЕ и СДС ја изгласаа за член на Антикорупциска комисија.
Потсетување дека ДПМНЕ и СДС 35 години глумат власт и опозиција.“ напиша Мојсоска на својот профил на фб.
Кога корупцијата ја избира антикорупцијата, резултатот не може да биде ништо друго освен институционален срам. Ова не е пад на една личност – ова е огледало на системот што ја постави.Правдата нема да дојде сама – таа мора да се избори, особено кога нејзините чувари се првиот ред на одбрана на криминалот.