Градоначалникот на Велес, Марко Колев продолжува со своето арогантно однесување и самоволието на седниците на советот. Советникот на Левица во Општина Велес, денес на својот фб профил објави:
62 Седница на Советот на Оптина Велес -13-ти март 2025.
ИНИЦИЈАТИВАТА од Левица за започнување процедура за воведување субвенциониран меѓуопшински превоз меѓу Велес и сообраќајно отсечената Чашка воопшто не успеа да се најде на дневен ред. Градоначаникот претходно негативно се изјасни за оваа иницијатива, ама позитивно се изјасни кога се носеше одлука за меѓуопштински превоз на Велес со Општина Лозово каде патем има и редовна сообраќајна линија.
По барање на граѓаните, Информацијата околу најавите за градење нова населба кај Сточниот пазар во населбата Речани не се најде на дневен ред. Дури ни 119 потписи од жителите на Речани не беа доволни за да се стави на дневен ред оваа информација !
Не се најде на дневен ред и предлогот на советниците од Левица за детални информации за состојбата со водата во езеро Младост.
Единствени иницијативи, ИТНИ точки или информации кои досега доаѓаа на дневен ред на СОВЕТ , беа само оние предложени од Градоначаникот Колев. Несфатливо,алармантно и неразбирливо е колку во изминатите 3.5 години е девалвирана фукцијата советник во Советот на Општина Велес, чија фундаментална работа е да предложуваат точки на дневен ред. амандмани, иницијативи.
Мнозинството ДПМНЕ / ДУИ се повеќе е опиено од апсолутната власт која предзивика тотална оттуѓеност од Деловникот и невидена ароганција со која уште од корен започна да ги сузбива сите предлози и иницијативи во Советот!
Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

