Апасиев: Иако премиерот и министрите имаат законска обврска да присуствуваат на надзорни расправи истите ја бојкотираа

И би првата собраниска НАДЗОРНА РАСПРАВА за аерозагадувањето во Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

Истата помина во конструктивна атмосфера, со значаен придонес на еко-активистите и стручни аргументации од останатите сослушани гости-сведоци.

Воведуваме нова политичка култура на темата парламентарен надзор.

p.s. За жал, власта не успеа да се надмине себеси и во својата ароганција и кусогледост ја бојкотираше расправата за вака важна тема од јавен интерес (иако премиерот и министрите имаат законска обврска да присуствуваат).

Можеби е време да размислиме да воведеме ново кривично дело во КЗ: “Неодзивање на парламентарна покана” (нешто што го има во правниот систем на САД, кај што премиерот Мицкоски често знае да престојува). – Напиша на Фејсбук претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Може да ве интересира