Фејсбук статус на Александар Симонов:
Kакви пораки испрати Амбасадата во случајот со Груби (ги знаете, ама да пишам дека нема да ги слушнете од мејнстрим елитата)?
1. ПРИЗНАНИЕ – Признаваме дека соработувавме со криминалци, знаевме за нивните криминали и работевме со нив додека ни беа потребни!
2. ЛОЈАЛНОСТ – На криминалците кои ни се лојални, нема да им фали влакно од глава. Откако ќе го одработат своето, мирно и безбедно ќе ги пренесеме преку граница!
3. АМОРТИЗАЦИЈА – Целиот гнев кон нашата амбасада од „каурите“ затоа што поддржувавме етнички профилирана елита го релативизираме со ставање на црна листа на еден од нивните фронтмени!
4. ПОСЛУШНОСТ – Политичката елита сега актуелно на власт, треба да не слуша нас, да протне се што треба (по примерот за Бехтел и Енка) и да не се грижи, политичката кариера ќе ја заврши безбедно некаде во азил.
5. НАШИТЕ НЕ ГИ ПУШТАМЕ НИЗ ВОДА – Не ги пуштивме низ вода осумте пратеници кои гласаа за Северна (иако имаа купишта отворени обвиненија со доказни материјали за кривични дела), главниот од Будимпешта слободно објавува книги и пишува празнични честитки, на Груби ништо не му фали. Ние сме единствените на кои треба да бидете лојални послушници и нема да бидете пуштени низ вода, само низ граница!
p.s. Не заборавајте дека првата официјална средба по назначувањето на Амбасадорката, беше токму со Вицепремиерот. (Линк)