АктуелноИнтервју

Пресуда против општина Карпош – погрешна одлука или скриени интереси?

Интервју со Славко Митевски, советник на Левица во општина Карпош

На самата комисија за прописи побарав образложение кое вообичаено го има, а тогаш изостана. Сомнително беше и ставката во буџетот каде беа планирани да се стават тие средства по изгласувањето бидејќи беше ставено дека ќе оди за откуп (експропријација) на приватно земјиште, а се работи и за исплата на 16 милиони за исплата на камата по тужба што е сосем различна работа. Ми беше јавено телефонски дека се работи за улица која навлегува во имотот на Господин Свето (се разбира таква улица не постои) но, во меѓувреме ние стигнавме до информации достапни за јавноста за што се работи.

Логички размислувајќи, сметаме дека пресудата не е праведна. Тужителот побарува пари за земјиште кое не му е одземено туку е само ставено во ДУП кој и не е изгласан. Дополнително на тоа, таа улица е планирана со ГУП-от со кој општината нема директна инволвираност, така што пресудата според мене нема никаква логика, а зачудува што е потврдена и од вторстепен суд.

Локалната власт сигурно била добро запознаена со овој процес, но воопшто немала намера да ги информира советниците до последен момент иако знаат дека ќе мора да се бара одобрение од советот. Градоначалникот во неврзан разговор на последната седница најави дека ќе има тужба против општината, а тужбата веќе била стигната. Општината има правен тим и користи и надворешни адвокати кои редовно ги плаќа и не смеело да се дозволи да стигне до тужба со огромна затезна камата од 16 милиони денари и 414 илјади денари трошоци за извршител.

Дополнително на тоа, Јакимовски веќе потпишал договор за исплата на рати за прекинување на налогот за извршување иако за тоа немал буџетско одобрување од советот на општината.

С.М: При нашета реакција на седницата на советот каде поставивме прашање за извршните судски решенија, градоначалникот и службите немаа намера да образложуваат, но кога и по втората реакција ги обвинивме дека нешто кријат, градоначалникот почна со своите демагошки монолози во кој кажуваше дека тој се грижел повеќе од нас за буџетот на општината. Очигледна беше намерата дека општината сака да ги забошоти овие огромни средства што не натера на сомневање дека ова е поголема зделка во која и некој од општината треба да се офајди.

С.М: Во одлуката која содржи финансиски дел, детално е објаснето од каде ќе се земат парите за овие два месеца од тековната година, а тоа се:

Одржување на згради – 4.400.000 денари, пари за варосување на училиштата.

Расходи за репрезентација – 1.000.000 денари, пари кои Јакимовски не успеа да ги потроши на тервенките по скопските меани за денот на општината.

Купување на информатичка опрема – 600.000 денари, опрема за основните училишта, со која требаше да се купат електронски табли во училиштата.

Нова изградба на дел од објект – 10.000.000 денари, пари со кои требаше да се докомплетира новиот објект на општината.
Мислам дека не е потребно да се објаснува од кого се крати, а на кого се дава. Сето ова треба жителите на Карпош ќе да го платат, а за подобра инфраструктура, реновирње на улици, училишта градинки ќе се „почека малку“.

Градоначалникот, кој патем цел живот е градоначалник на Карпош не може да не ја знаел генезата на овој случај и свесно се жртвувани граѓаните на Карпош само да се задоволат апетитите на олигарсите и нивните извршители во властите како локални, централни така и судски.

Многу ќе биде интересно кога ќе се образложува буџетот за 2025 година. Кога ќе треба да се вкалкулираат и парите од другите 12 рати. Веројатно повторно ќе бидат најпогодени најсиромашните слоеви на граѓаните на општината, ќе се кратат пари за училиштата и градинките, ќе се зголемува цената за партиципација во градинките, ќе се кршат возилата по дупките по улците. Градоначалникот сигурно ќе го повика приватниот капитал да отвора нови градинки и училишта во кои немаат пристап сите граѓани на Карпош.

С.М: Ставот на Левица по ова прашање е јасен. ДУП-ови од овој вид нема да бидат гласани од нашите членови. Жално е што некои жители не можат да си ги остварат своите права на квалитетен живот поради немање на излгасани ДУП-ови, но тоа само затоа што предложените ДУП-ови  ги држат во заложништво и граѓаните кои бараат ситни преправки или изградба на објекти за индивидуално домување. Треба интервенција да се направи во законите за градење и урбанизам и да се дадат повеќе права на самите граѓани. Замислете општината не може да распише оглас за јавна набавка за изработка на ДУП, а секој друг кој има 5м2 сопственост на таа територија го има тоа право. Треба да се забрани градба над 5 спрата и да се зголеми драстично процентот на зеленилото и паркинг местата. Сегашниот закон им оди во прилог само на градежната мафија и нивните слуги во власта.

С.М: Кога ВМРО ДПМНЕ беа во коалиција со Јакимовски размислуваа поинаку, но откако се испокараа каде да оди провизијата, станаа „заштитници“ на Карпош а колку мислат на граѓаните се виде во комшии во општина Ѓорче Петров каде што заедно со коалициониот советник од ГРОМ изгласаа огромен ДУП, поголем од цело сегашно Ѓорче. СДС некако по дифолт си стана коалиција со ГРОМ по системот “непријателот на мојот непријател е мој пријател” и се приклонија кон градоначалникот сигурно со своја пресметка за дел од колачот. Со изборите пролетоска има поместување во силите и во советот во општина Карпош, а во таков случај градоначалнмикот е мајстор “за лов во матно”.

Доколу Левица добие мнозинство во советот на Карпош, за една година ќе ги промениме сите ДУП-ови по мерка на граѓаните и за еден мандат ќе ги донесеме сите ДУП-ови со што ќе го спречиме дивеењето со градење на кој каде му текне. Населбата им припаѓа на сите граѓани на Карпош не само на 5-6 моќници. Карпош има како да се шири и самоодржува ама му требаат луѓе на кои пред сè им е заедничкото, а не личното, луѓе кои чесно ќе ја водат општината и на кои секој денар од буџетот ќе им биде свет.
Карпош не смее да биде Менхетн од мозокот на Стефчо.

Карпош си има река, планина, си ги има своите граѓани на кои не смее да им се наруши удобството на живеење со вбризгување на нови 50 000 жители.

Карпош е на Карпошани!