“Концерт на Јордан Костов Квартет“ вечерва во Кавадарци
Денес со почeток од 20 часот, во Дом на култура Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи ексклузивен “Концерт на Јордан Костов Квартет“.
Еден од музичарите кои го освојуваат светот со својата музика – Јордан Костов, со својот квартет доаѓа во родното Кавадарци. Ретка прилика во живо да се видат неговите музички мајстории.
Овој пат во состав:
Драган Теодосиев (Македонија) на тапани – најдобар млад македонски џез музичар за 2024 на Скопје Џез фест; Маки Хачија (Јапонија) на пијано – вокален перформер, пијанист, има издадено осум самостојни албуми.
Соработува со врвни професионални играчи, музичари, поети, ликовни уметници низ целиот свет; Јордан Костов (Македонија) на хармоника – музичар кој го освојува светот со својот инструмент и музика со десетина албуми во својот репертоа, што самостојни, што со неговите групи.
Описот на нивната музика оди вака: Публиката во Кавадарци ќе може да слушне испреплетување на повеќе музички свери, балансиран контраст на импро и комплексни и едноставни мелодии со моменти на космички звук , хармонски манипулации итн. Арт од енергична вокална техника, модерен џез и силна ритам секција.
Овој квартет ќе го донесе духот на алтернативата , подземјето и авангардата од Токио но и други свери, во исто време оживувајќи го духот на Никола Бадев.
Влезот на концертот е бесплатен.