Актуелно

Во Турција во тек е петиција за повлекување од НАТО

Група интелектуалци на Република Турција, обединувајќи се под името „Патриотски интелектуалци“ (Yurtsever aydınlar) отпочнаа иницијатива со која се бара повлекување на Турција од воениот пакт НАТО.

Ваквото движење започна уште во 2023-та година, кога граѓанското здружение „Парламент на претставници на Турскиот народ“ (Halk Temsilcileri Meclisi’nin (THTM), организираше голем анти НАТО собир во Анкара, под мотото „во служба на анти империјалистичките војни и против НАТО“. Деновиве, истото здружение, собирајќи огромен број на потписници на нивната петиција за истапување на Република Турција од НАТО, најавија дека истата ќе биде поднесена и до Националното Собранието на Турција.

Аниимперијалистичките и анти НАТО активностите на ова движење не се ограничени само на Анкара, напротив, во ланските нивни вакви активности движењето беше присутно насекаде со анти воени и анти НАТО собири како и изложби и други културно-уметнички настани преку кои ја освестуваше туската јавност за потребата Турција да се повлече од НАТО пактот.

Во петицијата, упатена до Претседателството на Националното Собрание на Турција, се наведени следните зборови:

„За безбедноста на нашата земја, за независноста и суверенитетот, за мирот во светот – Турција треба да излезе од НАТО!

Ние, долу потпишаните, на основа на нашето професионално и интелектуално искуство, и одговорноста кон граѓани на Република Турција: бараме од Големото Национално Собрание на Турција веднаш да го прекине членството на нашата земја во НАТО, да ги поништите сите договори и билатерални спогодби направени со други членки на НАТО и сите соодветни протоколи поврзани со НАТО.“

„Нашиот народ никогаш не го прифатил членството во НАТО“ ова го изјави еден од потписниците на петицијата и член на извршниот одбор на ТХТМ, Ајдемир Гулер, во изјавата за весникот „Сол“, кој воедно потсети и на историјата на борбата против НАТО во Турција, додавајќи дека во историската меморија на народот на Турција е запишано дека западниот империјализам е извор на закана за неговата татковина.

Извор: https://haber.sol.org.tr/haber/yurtsever-aydinlar-tek-ses-oldu-turkiye-natodan-cikmalidir-396122