Мециновиќ: Наместо за развој буџетот е наменет за партиски вработувања во пресрет на локалните избори следната година
Прес-конференција на пратеникот и портпарол на Левица – Амар Мециновиќ:
Првиот предлог-буџет на Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ е кусоглед, партиски скроен и политички мотивиран за изборната сезона за локални избори. Очигледно станува повторно, дека партиите на олигархијата немаат визија за решавање на проблемите на граѓаните и се водат единствено од лични краткорочни интереси.
Наместо одговори на суштинските прашања за граѓаните, стратешко планирање, силна развојна компонента и социјална политика имаме само вработувања и зголемување на администрацијата во изборната сезона, како и за вбризгување на пари кај нивните криминални градоначланици кои веќе три години ја пустошат државата. За оружје ќе бидат издвоени нови две милијарди денари. Левица ќе интервенира амандмански на предложениот републички буџет.