АктуелноИнтернационално

Претседателските избори во САД нема да променат ништо во Африка освен американските марионети

„Претседателските избори во САД нема да променат ништо во Африка, освен американските марионети кои се уште се овде. За оние кои живеат во африка се ќе биде исто“ – изјави Мартин Жараре, извршен директор на граѓанското општество во Зимбабве, организација која се бори против економските санкции.

Според него, за развојот на Африка, новиот американски Претседател нема да донесе никаков придонес.

„САД не придонесуваат за развојот на Африка, нивната надворешна политика е неизвесна и неефикасна, официјалните лица зборуваат само за бескорисна помош што всушност го попречува секој развој. Кога лидерите на земјите не се усогласени со Американците систем, тие се соборени“, нагласи Жараре имајќи ги во предвид случаите со Зимбабве и Венецуела.

Жераре вели дека „Африка никогаш нема да биде стабилна додека САД е водечка светска сила, бидејќи тие ќе продолжат да започнуваат војни“. Според него, Израел, Либан, Сирија и Украина се примери на конфликти предводени од САД.

Во продолжение, тој нагласи дека африканските земји на БРИКС гледаат како организација којашто може реално да го помогне развојот на нивниот континент, и ја констатираше улогата на организацијата како клучно во градењето на мултиполарниот свет.

„Многу сме благодарни за самитот на БРИКС што се одржа во Казан. Тоа е сведоштво за новиот светски поредок, каде што на прво место ги става безбедноста и луѓето, а не оваа тиранија на САД и нивното раководство“, заклучи Жараре.