Јованов: Пазарот треба да биде организиран систем кој ќе му служи на човекот како битие
- Фејсбук статус на Тамара Јованов:
Логиката на просечен приврзаник на идејата за слободен пазар:
Еден бизнис треба да планира, ама една држава не требало да планира, оти може да му засмета на бизнисот.
Требало да се остави бизнисите да прават што и како сакаат, без интервенции – да им веруваме дека они ќе прават тоа што е најдобро, оти луѓето за себе ќе го бараат тоа што е најдобро?
Притоа, никој не спомнува дека:
1. Човекот докажано не е примарно битие на разум, туку на емоции.
2. Маркетингот ја искривува реалноста и неретко преку манипулација со емоциите и информациите ги наведува луѓето да прават одлуки кои ниту изворно ги сакале, ниту им се потребни.
3. Сопствениците на бизниси (мнозинството) се водени од свои, а не туѓите интереси (примарно профит).
4. Докажано се злоупотребува отсуството на правила на игра и од индивидуи и од компании, само затоа што било можно (човековата природа гарантира нефер игра, ако нема правила).
5. Немилосрдно се уништува и животната средина и човековото здравје и конкурентите… секогаш кога тоа е дозволено.
Дечки, јасно е дека во желба за пари сте спремни во сè да поверувате и веројатно и сè да направите, ама тоа не значи дека треба да ви биде дозволено!
Општеството не треба да е еден голем пазар кој треба да биде на ваша услуга за акумулирање материјално богатство, туку организиран систем кој најдобро ќе му служи на човекот како битие.