За две години работа во Советот на Општина Велес
- Фејсбук статус на Игор Смилев – советник во општина Велес од Политичката Партија Левица
Левица од советите
За две година работа во Советот на Општина Велес
ИЗДВОЈУВАМЕ :
– Не се шитнавме
– Не свиткавме кичма
– Ги отворивме прозорите во Општина за да се поремети устоениот воздух
-40 одржани седници ( голем дел од нив маратонски) на кои донесовме историска транспарентност од работата на седниците на Советот
– Овозможивме темите во советот да влезат поблиску во домовите на граѓаните
– Ја запаливме и ја одржуваме искрата во мракот.
– Рекордна конструктивност со Поднесени над 200 барања, иницијативи, амандмани, советнички прашања, и информации од јавен карактер
– Пошумени досега над 7.500 садници, а допрва следуваат барем уште толку
– Станавме релевантни и обелоденивме многу суштински теми и неправди поради кои граѓаните ни дадоа доверба
– Искрено посакувам и се надевам дека досега не ги разочаравме оние на кои им бевме последна надеж.
– Останува суштинскиот мотив на нашата работа – да се стивнат лелеците и фрустрациите на граѓаните од понижувањата и неправдите кои добиваат на интензитет.
– Нашиот отчет кон граѓаните не е сопрен од првиот ден.