АктуелноЛокално

Двајца членови од младината на Левица уапсени по протестот за убиствата на Онкологија

Веднаш по завршувањето на денешните протести по скандалот дека на Клиниката за онкологија се крадела терапија за болни од карционом, двајца членови на Црвена младина на Левица беа приведени и однесени во Полициската станица Центар.

Толпа поддржувачи се упатија кон полициската станица, а набрзо пристигна и претседателот на Левица, Димитар Апасиев кој даде и кратка изјава за настанот пред медиумите:

Режимот им се сили на голораки студенти. Не постои ништо, не постои држава, сега сме сведоци како партиската полиција на Оливер Спасовски им се сили на дечкиве од Црвена младина, студенти првенци на генерација. Двајца се уапсени од специјалци донесени во БЕКО и откако видоа дека се собира народ ги пуштија. Уште двајца ги бркаат низ градот, наместо да ги апсат хохштаплерите од Онкологија, апсат деца од Црвена младина. Дојде адвокат, Левица ќе им покрие и кривична и прекршочна пријава, било што, ова е покажување сила преку репресивен апарат. Не им се плашиме, јас ќе го прашам Оливер Спасовски на пратенички прашања како полиција во полна ратна опрема им се силат на голораки студенти.“

Протестот уследи откако изминатиот викенд Обвинителство отвори предистрага по пишувањата на медиумите дека има сомнежи дека на Клиниката за онкологија се крадела терапија за болни од карционом, тие добивале физиолошки раствор, а терапијата завршувала на црниот пазар. За ова, Апасиев во својата изјава додаде:

На денешниот протест не беше целата опозиција како што треба да биде, не очекувам дека ќе се издејствува нешто, очекувам само репресија вака на дечки од Црвена младина. Само да ги предупредам, си играат со погрешна генерација, нашле црква да се крстат. Секој ден оваа влада тоне, јас не верувам дека ќе има предвремени избори, ќе одат до крај да исцедат се што можат, крадат на мртви, на се што може да се краде, ова ќе станува секојдневие.“