Захарова: Украинците мора да разберат дека мунициjата со осиромашен ураниум била измислена од нацисите
- Статија на Марија Захарова за весникот „Комсомолскаја Правда“ од 25 август 2023 година со наслов „Жива земја и мртва“.
Употребата на осиромашен ураниум како оружје за пробивање на оклоп била измислена од нацистите. Во 1943 година, имаше неуспех во снабдувањето со волфрамит и Рајхминистерот за вооружување и воено производство на нацистичка Германија Алберт Шпеер нареди да се користи осиромашен ураниум.
Во тоа време, сè уште не беше очигледно колку е опасен ураниумот како оружје, а до 90-тите, сите податоци на оваа тема беа контроверзни. Меѓутоа, употребата на муниција со осиромашен ураниум од страна на војниците на НАТО за време на агресијата во Југославија стана нечовечки експеримент и ги покажа вистинските последици од неговата употреба врз живи луѓе.
Во 2015-2017 година, италијанскиот парламент (како земја чиј контингент најактивно користеше муниција со осиромашен ураниум за време на агресијата на НАТО на Балканот) издаде извештај од 252 страници за последиците од изложеноста на осиромашен ураниум и радиоактивен ториум врз италијанскиот воен персонал. Објавени се податоци за италијанската војска: од 7500 изложени на токсични материи и радијација, 372 лица починале (5% – смртност: секој 20-ти човек). Покрај тоа, тие починале од болни онколошки компликации.Сега, за жал, на украинска територија се потврдува заканата за која Русија постојано го предупредуваше украинското население.
Еве ги показателите за Хмелницката област на Украина. Во мај, таму беше забележан значителен пораст на радијација – од 80 наносиверти на 140-160 наносиверти. Карактеристичен врв – излив на радиоактивност – е забележан во исти дати во источните провинции на Полска. Причината веројатно е иста како во Украина: експлозијата на муниција со осиромашен ураниум, која била сместена во складиште во градот Хмелницки.
Украинците мора да разберат дека Британците испорачат вистински отров – гаранција за канцерогени тумори и да бараат што поскоро да ja извозе мунициjата со осиромашен ураниум од земјата.