Коњановски со нула проекти нема да добие поддршка за ново трошење на народни пари
- Реакција на ЛО Левица Битола
Политичката партија Левица нема да партиципира во мнозинството на локалната самоуправа и нема да гласа за ребалансот кој е скроен по теркот на ДПМНЕ.
Левица изразува загриженост за начинот на трошење на парите на граѓаните и повикува градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, да објасни како се потрошени близу 46 000 000 евра до сега. Ова е огромен износ за Општина Битола и граѓаните имаат право да знаат како се управуваат нивните пари.
Овој ребаланс е резултат на лошата политика и лошиот пристапи кон важните прашања за развојот и напредокот на Општина Битола. Политичката партија Левица како партија која го слуша гласот на со своите сограѓани, во намера да ги заштити од расипничкиот однос на градоначалникот и локалната самоуправа, во интерес на нивните потреби и интереси, Левица нема да го поддржи ребалансот.
Ребалансот предложен од страна на ДПМНЕ не го одразува најдоброто решение за развојот на Општина Битола. Ова решение не претставува патот кон подобро управување, инклузивност и социјална правда, кои се главни приоритети на Левица.
Левица ќе продолжи да работи во корист на нашите граѓани и ќе се бори за остварување на своите политички цели и вредности. Ние остануваме предани, нашата посветеност кон битолчани и непоколебливи во нашата вера дека промената може да се постигне преку принципи, искреност и активна учество.