Бислимовски: Струјата ќе поскапи 13% ако РКЕ ги прифати барањата од компаниите

За околу 13 проценти би се зголемила цената на струјата од први јули доколку регулаторна ги прифати максималните барања од енергетските компании, но и ако ЕСМ понуди иста цена на струјата како и лани.

Но ако на сето тоа се додаде и враќањето на ДДВто од 10 на 18% – тогаш зголемувањето би било околу 20 проценти. Електродистрибуција побарала зголемување за 32,17 отсто, систем операторот МЕПСО за 53, а преносниот систем МЕМО за 83,3 проценти. Причините поради кои компаниите бараат зголемување се должат на зголемени трошоци, вели првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски.

Регулаторите сега со полни раце работа. Бислимовски вели сега треба да се направат анализи и да се утврди колку од пријавените трошоци се реални.

Сепак по која цена граѓаните ќе ја плаќаат струјата од први, клучно ќе биде по која цена ЕСМ ќе ја продава произведената струја кон ЕВН Хоум, но и колку ќе произведат домашните капацитети. Од ЕСМ веќе објавија дека пресметката ќе ја достават до Влада на 6ти јуни, а за крајната цена одлучува Владата на затворена седница.

Она што е извесно е дека ДДВто за струја на сметките од 1 јули се враќа на 18 проценти, но домаќинства по повеќе одедна година ќе може повторно да јај кортистат евтината дневна тарифа