Исмаил: Мунафиклук владее на македонската политичка сцена

  • Фејсбук статус на Реџеп Исмаил – Член на Президиумот на Левица

Два феномени е доволно да се увидат на македонската политичка сцена за да се знае каков мунафиклук владее:

1. Ликови и организации – некои за јавност помалку некои повеќе познати, некои дури и на релативно високи позиции во државната бирократија, а некои, богами, и во извршна власт, за мене лично добро и персонално познати, слават и честитаат за победата на Ердоган, во нивние настапи и секојдневни допири со обичниот народ од муслиманскиот свет на кого политички му се обраќаат – НО, притоа, сето ова го преставуваат како дел од, борбата/победата на „браќата муслимани“, демек „ние против ќафирите“, па уште и демек ја тераат правда за нивните браќа во Палестина.

Сето тоа само додека ги изманипулираат и квантитативно ги искористат овие наивни луѓе, во нивниот пазар за лични, лукративни интереси со партиите, кои од позиција на извршна власт на Макеоднија во надворешната политика ги следат сите натовски политики кои директно работат на финансиски манипулации и санкции за дестабилизација на монетарната политика на Турција, финансираат пропаганда и слично, се со цел да го развластат Ердоган и неговата партија АКП. Имено, редовно во ОН и другите институции даваат поддршка и го поддржуваат и поттикнуваат апартхејтод на Израел врз Палестинскиот народ.

2. Самопрогласени НГО-шки борки за работнички права, чии „прокети,“ не само што се финансирани од фондовите на колективниот Запад кои залагаат и инсталираат (во Македонија и наметнуваат) бандитизам на странскиот капитал, приватизација, либерализација и ред други слични директни анти-работнички идеи и политики, туку, дел од овие, човек-два организации, душа даваат да бидат дел од култур-баханалните балови и приеми во организација на амбасадите на државите чии капитал уствари ги има вјармено токму работниците за кои овие „се борат“.

Само сетете се дали некои од овие организации испратија барем протестна нота до амбасадорката на САД и канцеларијата на ЕУ во државава поради робовладетелскиот закон за Коридор 8 и 10 и конзорциумот Бехтел и Енка…

Она што ги обединува овие две групи на мунафици е тоа што шират фитна (клевети) против единсвената анти НАТО и про Палестина партија во Макеоднија, Левица. Првите креираат фитна дека сме анти-муслимани, а другите дека сме националисти и заостанати. Се рабира, ние од Левица сме само анти мунафици!

„Тие пред верниците велат „ние веруваме“, но кога ќе останат сами со нивните господари/ѓаволи, сепак велат: „Да! Ние сме со вас – со нив само се исмеваме“ (Куран, el-Bakara 2/14).

„Пазете се од квасецот на фарисеите, односно од нивното лицемерие. Затоа што не постои тајна што нема да се открие, ниту има нешто скриено што нема да се знае“ (Лука 12: 1-2).