JП„Водовод и канализација“ со Душко Весковски не наплатило 60 отсто од произведената вода

ЈП„Водовод и канализација“ од Скопје произвело и испорачало повеќе вода, отколку што наплатило од крајните корисници. Ова е утврдено во последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Во овој период, со градското претпријатие раководеше Душко Весковски, кој подоцна беше кандидат за градоначалник на Карпош од редовите на СДСМ.

Ревизорите утврдиле загуба на вода од 60 отсто и неплатени обврски кон државата од околу три милиони евра. Загубата на водата ревизорите ја констатираат при споредба на произведената со водата што била фактурирана до корисниците.

„Ревизорите со извршената ревизија утврдиле дека во период од 2017 до 2022 година количината на произведената вода значително отстапува од количината на фактурираната вода, односно процентот на нефактурираната вода се движи околу 60%, што е двојно повисоко од нејзиното оптимално ниво предвидено со Стратегијата за намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем на Град Скопје“, стои во извештајот на ДЗР.
„ЈП ‘Водовод и канализации’ не склучило договор со 30 отсто или речиси 90.000 корисници, од кои 97 отсто се домаќинства“, стои во извештајот на ДЗР.

Во извештајот се констатира дека од вкупно 295.750 корисници на вода, до денот на известување за ревизијата, ЈП ’Водовод и канализација‘ Скопје немал склучено договори за уредување на меѓусебните права и обврски со 30 отсто од корисниците на услугите (89 634 корисници), што може да предизвика отежната наплата на извршените услуги и да претставува тешкотија за непречено остварување на правата и обврските на давателите и на корисниците на услугите. стои во извештајот нха ДЗР

Ревизорите имаат неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансискиот извештај на ЈП„Водовод и канализација“ за 2021 година, а искажуваат и резерва во однос на усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Државниот завод за ревизија констатирал дека претпријатието има неплатени три милиони евра кон Буџетот и дека тоа е констатирано при увид во деловните книги на крајот на 2021 година.


„Тоа е сума која се однесува на искажани, но неплатени обврски кон државниот буџет во период од повеќе години наназад врз основа на надоместокот за користење вода и надоместок за испуштање води“, стои во извештајот на ДЗР.