Последните ззборови на Стјепан Филиповиќ беа „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“

На денешен ден во 1942 година, југословенскиот антифашистички партизан Стјепан Филиповиќ беше погубен од нацистите во денешна Србија. Филиповиќ беше клучна фигура во партизанското востание во 1941 година против нацистичките окупаторски сили и нивните соработници.

Меѓутоа, во 1942 година бил фатен од четнички соработници во Ваљево и јавно обесен. И додека го влечеа низ улиците на градот, Филиповиќ остана пркосен, извикувајќи слогани за поддршка на партизанскиот отпор.

„Комунистите мора да бидат најсилни во најтешките мигови, мора да пркосиме на гадовите, затоа што ние се бориме за најчесната и најплеменитата идеја која сигурно ќе победи.” На денот на неговото јавно бесење, српската жандармерија на Недиќ заедно со нацистичките војници го носат заврзан Филиповиќ низ српските улици, со цел да предизвикаат страв кај локалното население. Храбар и полн со пркос, тој пристигнува на плоштадот каде има околу 3000 луѓе.

Под бесилката Стјепан започнува да ги извикува неговите последни зборови: „Немојте само да гледате. Удрете на гадовите. Вадете ги за’рѓаните пушки. Ако само гледате, гадовите еден по еден ќе нè убиваат…. Долу Хитлер, долу фашизмот, да живее Советскиот Сојуз!“ Стјепан Филиповиќ е убиен на 26 годишна возраст, но неговиот пркос и храброст овековечени преку оваа фотографија живеат до ден-денес.

Неговите последни зборови беа „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“. Овој слоган стана собирен повик за партизанското движење и симбол на отпорот против нацистичката окупација. И покрај смртта на Филиповиќ, партизаните ја продолжија својата борба против фашизмот и на крајот беа успешни во ослободувањето на Југославија во 1945 година.