Македонија ќе избере: Европски блок или антифашистички фронт
- Фејсбук статус на Амар Мециновиќ – Портпарол на Политичката партија Левица
Ковачевски и Каевски апелираат до ДПМНЕ да го фатат последниот воз за во “европскиот блок”.
Дали ова значи дека како општество одиме кон разврска на историските спротивности на ова време? Од една страна обединети сите причинители на мизеријата во последните 30 години на капиталистичка Македонија – во конечен грандиозен обид за масовна илузија преку европскиот мираж.
Спротиставен од другата страна – народниот АНТИФАШИСТИЧКИ одговор.
И кога земјата, водата, воздухот и трудот на нашите луѓе сѐ повеќе служат на странските економски интереси – кога квислиншки се одработува за големодржавни амбиции насочени кон Македонија, потребен е силен одговор на сите опозициски сили.
Таборот на кој секој од нас припаѓа е јасен, кога:
Во културен контекст и европски амбиент се рехабилитираат фашистички крвници на Македонија и државници од Оската – како слободна Македонија никогаш да не постоела на принципите на НОБ.
Со европско знаменце се поробуваат нашите работници и се уништува она за кое сме се избориле со цел да се воведе КОРПОРАТИВНА ДИКТАТУРА.
На сите политички процеси влијаат странски амбасади независно од народната воља и без функции на суверенитет стануваме ПРОТЕКТОРАТ.
Под притисок на агресивен империјализам наменски се уништува националниот мит кој може да биде инструмент во борбата за враќање на сувереноста.
Но, дали е здраворазумно очекувањето ДПМНЕ да биде дел од антифашистичкиот табор со оглед на нивната историја, идеологија и деструктивна практика? Воопшто.
“Европската десница” на која припаѓа ДПМНЕ се бори против она кое го победило нацизмот во минатото. ДПМНЕ се бори против меморијата на македонските партизани.
Затоа, над државата демне “европското сениште” кое преку милозвучност, искривување на вистината и конечна репресија нѐ води кон ништење. “Најголемата опозициска партија” е волен соучесник во играта на СДС.
Сепак, антифашизмот меѓу нас е веќе одамна буден и спремен за соочување. Прикачената слика е од пропаганден постер на нацистичките колаборатори за време на окупацијата.