Златни монети на Александар III Македонски и Филип III Аридеј пронајдени во градот Керч во источниот дел на Крим, ковани во Македонските ковници
Во август 2022 година, за време на истражувањата на Мирмекијанската археолошка експедиција на Ермитаж, под раководство на Александар Бутјагин, раководител на Секторот за археологија на Северниот Црноморски регион на Одделот за антички свет, пронајден е уникатен наод.
За време на ископувањата на античката населба Мирмеки, лоцирана на северниот брег на заливот Керч во областа на Карантинскиот рт, археолозите од Ермитаж успеале да пронајдат богатство од 30 златни монети: 26 монети со името на Александар III Македонски и уште четири монети ковани за време на неговиот немоќен брат Филип III Аридеј (323-317п.н.е), кој го наследил тронот по смртта на големиот освојувач на Истокот. Во античко време, парите биле скриени во мал глинен сад, кој останал речиси недопрен.
Тежината на еден златник е околу 8,5 грама и сите се совршено сочувани. На аверсот на монетите е прикажана главата на божицата Атина со коринтски шлем, кој е украсен со змија или грифин. На ревесот има претстава на крилестата божица на победата Нике, во чии раце е јарболот на бродот и венец. Го содржи и името на кралот и дополнителни знаци кои биле поставени на различни ковачници на моќта на Александар Македонски. Монетите на Филип се разликуваат од монетите на Александар само по името на кралот. Прелиминарните анализи покажуваат дека монетите се ковани во градовите во Македонија и северно од Егејското Море. Контекстот на откритието сугерира дека богатството било скриено во градска куќа во последните две децении од 4 век п.н.е.
Откривањето на овие монети на оваа територијата може да се смета за уникатен и неверојатен настан. Овие наоди на златни статери од почетокот на хеленизмот се едно од најзначајнте откритија најдени во Керч.
Монетоковањето на Александар III Македонски било едно од најбогатите и најпопуларните империјални монетоковања во историјата. Во негово време исковани се голем број на јубилејни златници – статери. Златните статери продолжиле да се коваат и постхумно по неговата смрт па се до I век п.н.е.
Во моментов, монетите се депонирани во Историскиот и културен музеј-резерват на Источен Крим, каде што продолжува нивното научно проучување. Покрај монетите, најдени се и големи фрагменти од две антички букви на олово, кои се исклучително ретки.
Монетите сеуште се предмет на проучување. Ја очекуваме научна интерпретација на археолозите откако ке направат научна обработка на пронајдените монети.