Апасиев: Камата на каматата ќе биде забранета – Лихвобанкарите почнаа да плачат

Во собраниска процедура по скратена постапка влегоа Предлог-законите за изменување и дополнување на Законите за облигациони односи и за извршување, со кои покрај скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години, власта го ограничува износот на стасаната, а неисплатена казнена камата, која престанува да тече кога ќе го достигне износот на главнината, како и каматите кои ги пресметуваат извршителите.

Овие предлог закони произлегуваат од Изборната програма на Левица, кои власта ги препиша и ги прикажува како свои.

По достасувањето на измените за антилихварското законодавсво кое е значаен дел од Изборните програми на Левица, пратеникот Апасиев соопшти дека „важните“ економски субјекти во државата почнале секој ден до пратениците да испраќаат писма за измените со кои се забранува камата на каматата

„Нигде ги нема за ништо. Отиде општествово у курац. Ама, откако се поднесоа измените на Законот за облигациони односи, со кои се забранува КАМАТА на каматата, до пратениците секојдневно пристигнуваат писма од: Комора на извршители, Телеком, Стопанска комора, Адвокатска комора, ЕВН и слични други крвопии!? Ааааааа, лиглиња, кај лежел зајакот!“ – напиша Апасиев на својот фејсбук профил.

Во продолжение Пратеникот додаде „Доста е веќе со должничко ропство. Да ги цицате луѓето и да печалите од нивната немаштија.“