Левица: Директорка осомничена за криминал остава гладни деца во детска градинка во Автокоманда

  • Реакција на Левица – ЛО Гази Баба

Гневни родители на децата во детската градинка “Детска Радост” во Автокоманда, во која се згрижуваат децата од Автокоманда, Железара и од Керамидница алармираат до министерката Јована Тренчевска за односот кој го добиваат нивните дечиња од вработени во институцијата.

Сето ова е под диригентска палка на разрешената директорка Анета Петровска. Во ситуација кога многу родители чекаат со месеци да ги запишат децата во градинка, наместо за нови инвестиции градинката “Детска радост” станува синоним за скандали и незаконско работење. Родителите се длабоко загрижени и истовремено згрозени од тоа што се случува внатре, во институцијата.

Дали министерката за труд и социјална политика е запознаена со фактот дека во градинката на дете му била дупната главата со лажица од страна на вработена во градинката??? И повторно во државава никој не снесува одговорност…

Дали министерката е информирана дека родителите месечно од нивните сопствени средства уплаќаат надомест во градинката? И дополнително купуваат материјали за работа на децата кои секојдневно им се неопходни за нормално функционирање. А секако, средства за основни продукти за децата во градинката нема од буџетот.

Се бара од министерката да не ги одзема ингеренциите со кои располага општината во поглед на управувањето со градинката “Детска радост” во Автокоманда, затоа што проблемот не е во институцијата, туку во разрешената директорка, која и порано била разрешувана од истата позиција во градинка на територија на Гази Баба.