Изложба во Музеј на град Скопје: Најновиот проект F.L.Y.O.M на Кирил Василев

На 17 ти мај (среда) со почеток во 20:00 часот, во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје, ќе биде отворена самостојната изложба на Кирил Василев, еден од најмаркантните автори на македонската ликовна сцена.
Секое негово претставување пред скопската публика е своевиден празник бидејќи никогаш не може да се предвиди курсот на неговиот ликовен дискурс.
Најновиот проект насловен F.L.Y.O.M. е алегорична ste specifik поставкa чија изразена сатирична нота недвосмислено упатува на социјална, нималку ласкава критика во чие средиште е homo sapiensot.

Изложбата ќе биде отворена до 22 мај.