(Видео) СДС и ДУИ во одбрана на фашистичките споменици – Левица предлага антифашистички измени

  • Пратеникот од #Левица Борислав Крмов заизменувањето и дополнување на Законот за меморијални споменици и спомен обележја.

Сегашното законско решение содржи премногу општи и непрецизни форми кои се подложни на злоупотреба, и од таа причина сега имаме еден куп диви споменици. Најизразен пример е споменикот на балистиот Џемо Хаса за кој не знаеме како е никнат токму поради тие произволни форми во Законот.

Неопходно е да нема директно или индиректно разгорување на етничко, расно или верско нетрпение. Да не се шири и да нема подршка за фашизмот, нацизмот и Третиот рајх и да не биде спротивно на уставниот поредок на Република Македонија.

Со ова законско решение да се надминат оние бегли формулации и затоа предлагаме нов член 6 со кок експлицитно не смеат да се одбележуваат настани и личности од претходната категорија. Во членот 7 предлагаме нов став 3 со кој се забранува и во програмата да не смеат да се одбележуваат такви настани и личности. Во членот 27 се предлага менување на ставот 2, така за правните лица кои ќе подигнат таков споменик го подигаме на ниво на кривично дело за кое се предвидува казна затвор и до 3 години.

Се предвидуваат и одбори за ревизија и евалуација на веќе изградените споменици, до конечно уривање по потреба. Ова е тест за владејачкото мнозинство, особено за СДС кој треба да покаже во која насока се движи.”