Нов конфликт и обвинувања помеѓу Ерменија и Азербејџан
Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за размена на оган во пограничната област, при што беа ранети најмалку тројца војници.
Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските војници со артилерија и минофрлачи ги гранатирале позициите на нивните сили во пограничниот регион Гегаркуник, при што биле повредени двајца војници.
Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека нивните позиции претходно биле нападнати, при што бил повреден еден војник.
Двете земји преговараат за мировен договор за ставање крај на конфликтот околу Нагорно-Карабах, регион признат како дел од Азербејџан, но населен главно со Ерменци и околу кој често избувнуваат борби.