Откако Пакистан, под водство на премиерот Имран Кан, во однос на конфликтот помеѓу Русија и Украина завзема неутрална позиција, односно, одби да се придружи кон САД и НАТО во осудата на руската специјална операција во Украина, преку влијание на Вашингтон, беше срушена владата на Имран Кан. Потоа, движењето на Кан од опозиција се обиде да го распушти Парламентот за да се организираат предвремени избори, сепак Уставниот суд на земјата тоа не го дозволи, на што партијата на Имран Кан повика на протести во одбрана на суверенитетот на државата. На овие протести Имран Кан често изјавуваше дека земјата се движи кон нова „борба за слобода“, оценувајќи го неговото соборување од власт како „промена на режимот со поддршка од САД“.
Пакистанската војска, после неколку судири со полицијата, го уапси поранешниот премиер на земјата Имран Кан, потврди за Радио Слободна Европа на 9 мај, сенатор поврзан со неговата партија Техрик-е Инсаф (ПТИ), откако се појавија извештаи во медиумите за неговото приведување.
Локалната телевизија Гео ТВ објави дека Кан бил уапсенвчера пред судот во Исламабад поради вмешаност во случај на корупција.
Сведок на Ројтерс изјави дека набргу откако Кан влегол пред портите на Високиот суд во Исламабад, го следеле контингенти на паравоени сили и оклопни транспортери. Портата беше блокирана од оклопни возила, додека Кан беше однесен под силно обезбедување, рече сведокот.
Апсењето дојде откако Кан на 7 мај обвини висок воен генерал дека бил вмешан во обид за атентат минатата година.
По почетокот на конфликтот во Украина Имран Кан изјави до земјите од Западот: „Дали мислите дека сме ваши робови?!“ и неколку дена подоцна случајно во Пакистан се случи државен удар и сега случајно поранешниот претседател е уапсен. Магазинот „Интернешонал“ во објава на твитер соопшти дека Пакистан по апсењето на Имран Кан ги блокирал платформите на социјалните медиуми и ги затвора интернет услугите во сите поголеми градови.
Имран Кан, како легитимно избран Премиер на ИР Пакистан, минатата година беше отсртанет од власт преку гласање во Парламентот, што всушност беше државен удар. Од неговото отстранување од позицијата премиер, Имран Кан води масовна кампања низ Пакистан, барајќи предвремени избори.
Претходно, во ноември, вооружен маж отвори оган во камион за кампања во кој се наоѓаше поранешниот пакистански премиер Имран Кан, ранувајќи го полесно во ногата и убивајќи еден од неговите поддржувачи,