(Видео) Советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ неми за потребите на народот за нови градски автобуси

Советникот на #Левица – Амар МЕЦИНОВИЌ, од вчерашната седница на Советот на Град Скопје.

„Двете најголеми советнички групи (ДПМНЕ и СДС) се неконструктивни по оваа точка (набавка на нови градски автобуси).

Ги повикувам да излезат и да ни кажат каде е проблемот?

Советниците се неми на потребите на луѓето и немаат допирна точка што значи јавниот превоз во Скопје и голготата на нашите сограѓани.

Ако јавниот превоз е од круцијално значење и ако тој не е функционален, нема да бидат функционални многу работи. Народот зависат од овој јавен превоз и потребна е вистински квалитетна услуга.

Вие како советници кои не ја гласате оваа нова одлука, делува дека наменски работите спротивно од интересите на граѓаните.“