(Видео) Коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е најдобра можна комбинација за Левица

Гостин во вчерашната епизода „Тешки мубети‘‘ на Инфомакс беше претседателот на Политичката Партија Левица, Димитар Апасиев. Тој даде свое видување за евенутална можна коалиција меѓу двете најголеми партии во Македонија.

СДСМ се пасокизира, ВМРО-ДПМНЕ победува ама бројот на гласови таму не расте, паѓа. Али Ахмети не му е сјајно во ДУИ, ама ги уништи мајсторски Алијанса и Алтернатива во еден мандат, мора да му се признае тоа. БЕСА се држи, но ќе видиме колку. Има муабети дека следно ќе има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ која за нас како Левица е најдобра комбинација, јас навивам за тоа, ќе ги збришеме за едни избори, вели Апасиев.

Во видеото може да го изгледате целосносто гостување на Претседателот Димитар Апасиев во „Тешки муабети‘‘.