Незадоволство во Конгресот на САД: До гуша сме во кал, Украина не ни е 51-та држава
Членот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Марџори Тејлор Грин го повика Вашингтон да придонесе во решавање на украинскиот конфликт, а не да му доставува оружје на Киев.
„САД треба да бараат мир во Украина и да не финансираат прокси војна против Русија. Не можеме да си дозволиме нов конфликт на територијата на друга земја“, изјави Грин за Си-Би-Ес, додавајќи дека претседателот Бајден рекол дека ќе ги преземе сите неопходни чекори за да ја заштити Украина, иако таа не е земја на НАТО.
Исто така, конгресменката нагласи дека „Украина не е 51-та држава на САД“.
„Не се работи за тоа што е добро, а што не, во Украина, бидејќи ние сме Соединетите Американски Држави… до врат сме во кал. Имаме долг од 31 илјади милијарди долари (31 билион). Не ги браниме своите границите. Ние ги игнорираме проблемите на нашиот народ“, истакна таа.
Конгресменот Пол Госар се приклучи на барањето за прекин на воената помош за Киев, нарекувајќи го американското мешање во руско-украинскиот конфликт катастрофа.
„Американската интервенција во војната меѓу Русија и Украина стана епска катастрофа, што резултира со смрт на стотици и илјадници луѓе, и воени и цивилни. Секој ден без мир е нов ден што ја загрозува кревката безбедност што ја има светот кој уживаше со децении без закана од разорните ефекти на нуклеарното оружје“, објави Госар на својата веб-страница.
Тој додаде дека Америка досега потрошила над 100 милијарди долари во војување во оваа прокси војна.
„Бајден и екипажот ја губат маркетиншката битка за војната во Украина. На Американците им е преку глава од бескрајно трошење на нивните пари надвор од границите. Странската помош и мешањето во надворешните работи мора да завршат. Да ги ставиме Американците на прво место“, напиша тој на Твитер.