(Видео) Давчева: Студентското будење е предвесник на многу општествени промени

  • Милица Давчева од „Студентски отпор“ госутуваше на емисијата на МТВ1 каде зборуваше за студентскките барања и студентскиот стандард. Таа ја истакна неопходноста од подигањето на студентскиот стандард, но и подобрувањето на севкупните услови во кои живеат студентите. Во прилог ви го пренесуваме целосното излагање на Давчева:

Ние како „Студентски отпор“ излеговме со соопштение до медиумите за нашите барања, конкретно сите барања бараме да ни бидат во најкраток можен рок исполнети а тоа е: Вклучување на наши претставници од Студентски Отпор во работните тела и во работните групи со тоа што ние како млади студенти ќе учествуваме во креирањето на политиките на студентите и подобар студентски стандард.

Исто така бараме навремена исплата на студентскиот оброк и негово зголемување во согласност со високата инфлација. Бараме прецизни рокови за реконструкција на студентските домови. Важно е да добиеме и прецизни рокови за изградба и реконструкција на зградите на ДИФ и ФИНКИ, кои што во кампусот на Филозофскиот, Економскиот и Правниот факултет едноставно го грдат дворот и ние вртиме по цел круг за да стигнеме дотаму. Исто така бараме и изедначување на стипендиите и нивна ретроактивна исплата,

Со тоа што студентите кои што го продолжија договорот со МОН и кои што земаа до сега стипендии, односно минатите години не им е исплатена разликата. Тие се’ уште земаат по стариот терк 3000 денари, наместо 6000 денари.

  • Дали има интерес од другата страна за разговор за проблемите на студентите?

Од другата страна, можеби нема интерес, но ние како студенти и генерално како движење Студентски Отпор ќе се погрижиме за да има интерес. Тоа значи со многу порадикални мерки, масовни протести, блокирање на главните крстосници во градот, бојкотирање на наставата, блокирање на факултетите со тоа што ќе ја заинтересираме и другата страна доколку не ни излезе во пресрет во најкраток можен рок да ни бидат исполнети барањата.

  • Колку актуелните состојби ве демотивираат?

Актуелните состојби воопштпо не нè демотивираат, туку напротив многу нè мотивираат за уште повеќе да се избориме за нашите права. Тука би го споменала и проблемот со меѓуградскиот превоз. Ние излеговме со барање за меѓуградскиот превоз, конкретно за студентите кои што доаѓаат од внатрешноста на Македонија. Бараме субвенциониран меѓуградски превоз за студентите. Како што пратениците можат 300.000 ден патни трошоци да остваруваат, како да се возат со авион со некој џет сет, така сметам дека и студентите имаат право на бесплатен меѓуградски превоз.

Студентското будење е предвесник на многу општествени промени! И сметам дека слушањето и остварувањето на барањата на младите студенти е од голема поддршка. Но, сметам дека во Република Македонија има некој тренд да се решаваат проблемитр само со порадикални мерки, со протести, демонстрации, со блокирање на главните крстосници.

Со тоа што еве имаmе пример и со набавката на лекови, за покачување на платите, па исто така и ние студентите се солидаризираме со протест. Дури и за некое не толку важно прашање мора да се излезе на протест, бидејќи само на тој начин гледаме во пракса дека се решаваат проблемите. Ние студентите без разлика на која етничка група припаѓаме дали сме: Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци или Роми ги делиме истите услови и го живееме истиот студентски живот.

  • Младите во Македонија сакаат европски услови за живот и еднакви можности за напредок? Какви можности сакате сега и одма?

Студентите од Македонија најмногу сакаат да имаат поубави услови стандард во нејзнините рамки. Значи, да има слух од институциите, државата да се грижи за подобри услови и за стандард на младиот човек во Република Македонија.
Кога говориме за европските услови, морам да напоменам дека ние сме многу далеку од Европа, ние можеме да сонуваме само за Европа.

Додека нашите родители можеби ја прошетале Европа и целиот свет во бивша Југославија, имале поголем стандард од нас студентите денес. Ние можеме да сонуваме само за Европа, додека Европските земји повеќе се грижат за домашнте миленичиња, за мачињата и кучињата отколку Македонија за студентите во нејзините рамки. Така да сметам дека ние немаме стандард да отидеме ниту до Дојран, а не па да размислуваме за Европа.