(Видео) Граѓаните до Ковачевски: Дојде тежок животот, не можеме ниту лекарства да купиме

Граѓаните ја искористија посетата на премиерот Димитар Ковачевски и на министерот Крешник Бектеши во еден од скопските супермаркети за да го искажат незадоволството од мерката за замрзнување на цените.

„Цениве се до плафон. Со два денари макарони и денар на јајца кои беа 99 денари тоа не е мерка. Дојде тежок животот, не можеме да купиме ниту лекарства со тие пари“ – му се обрати една повозрасна жена на премиерот.

Затекнат од ситуацијата во која жената се појави пред него со празна корпа, Ковачевски одговори дека војната во Украина е виновна заради инфлацијата и скокот на цените.

„Точно е дека се зголемени цените затоа што се води војна во Украина. Она што направивме е замрзнување на цените со што се намалија цените за десет отсто. Ја замрзнавме цената на јајцата и на оризот.“

Извор: A1ON