АктуелноЛокално

Левица: Пропаѓа централното градско подрачје во Куманово

  • Реакција на Левица – ЛО Куманово

Изборните ветувања кои ги даде градоначалникот Максим Димитриевски во предизборната кампања не се остваруваат.

Граѓаните на Куманово реагираат дека во градот реализација на нови инфраструктурни проекти нема, а старите објектите се оставени да пропаѓаат. Напуштениот објект на бул. Октомвриска револуција, во центар на Куманово е заборавен од локалната власт.

Објектот е во фаза на распаѓање, а градоначалникот нема слух за поплаките на граѓаните. Столбовите и кровот се разнишани и се опасни по безбедноста на луѓето. Земјата е обрасната со трева, а ѕидовите секојдневно напукнуваат. Многу често во објектот несовесни граѓани исфрлуваат смет од кој се шири миризба непријатна за околните станари.

Ваквата состојба во центар на Куманово е непожелна за секој поединец. Кумановчани го осудуваат ваквото работење на градоначалникот и веќе бараат исполнување на конкретните решенија кои градоначалникот им ги нудеше како изборно ветување во својата програма.

Левица ЛО Куманово апелира до градоначалникот да води грижа за постоечките објекти. Само навремена поправка и реконструкција на постоечките објекти ќе спречи да се распадне досега изграденото.