Трибина: Со чиста Општина до подобро здравје

Локалните ограноци на Левица од Општина Кисела Вода и Општина Аеродром организираат еко – трибина “За подобар дом, поубава и почиста средина” која ќе се одржи на 18.03.2023 ( сабота) во 12:00 ч во салата на Општина Кисела Вода.

Тема на трибината ќе биде:
-Отпад и негова селекција
-Загадување на воздухот и почвата
-Отпад од храна ( прекумерно фрлање на храна која може да се донира)
-Обновливи самоиздржливи извори на енергија

На овие теми ќе говорат: Проф. Д-р Јане Ацевски, Душко Христов, Филип Киселовски и Игор Смилев координатор на Зелен сектор во Левица.

Ги повикуваме граѓаните да бидат дел од оваа трибина и да дадат свој придонес во истата со свои предлози и размислувања.