По „Силиконска долина“ пропадна уште една банка во САД

По банкротот на една од најпопуларните банки во САД, Silicon Valley Bank, американските регулатори затворија уште една американска банка – Signature Bank со седиште во Њујорк. Според податоците на Одделот за финансиски услуги во Њујорк, на 31 декември 2022 година, „Signature Bank“ има вкупна актива од околу 110,36 милијарди долари и депозити од 88,59 милијарди долари.

Одлуката за воведување надворешен менаџмент во „Signature“ ги изненади дури и менаџерите на банката, кои за тоа дознаа непосредно пред објавувањето на јавноста, пишува Bloomberg. Според извор на агенцијата, на 10 март банката се соочила со повлекување на депозитите, но до 12 март ситуацијата се стабилизирала.

Ненадејното затворање на „Signature Bank“ ја нагласи итноста на вонредните напори на САД да го поддржат банкарскиот систем и да ја смират зголемената загриженост кај клиентите за безбедноста на нивните депозити, објави Блумберг. Мерките во оваа насока се очекува да бидат презентирани денеска.

Колапсот на „Signature Bank“ ќе ги продлабочи проблемите на крипто секторот. „Coinbase Global“ најголемата американска крипто берза, соопшти дека има салдо од 240 милиони долари во банката од петокот навечер. „Пакос Глобал“ соопшти дека има 250 милиони долари таму, но „неговото приватно осигурување на депозити значително го надминува салдото на готовина и лимитите на сметката FDIC“.