Повторно демонстрации во Франција и Германија за повлекување од НАТО алијансата

Уште едни демонстрации за повлекување на Франција од НАТО и против испорака на оружје за Украина организираше денеска во Париз лидерот на француското движење „Патриот“, Флоријан Филип, пренесува „РИА Новости“.

Неколку илјади демонстранти учествуваа на протестот носејќи транспаренти на кои пишуваше „Не за Третата светска војна“, „Да го напуштиме НАТО“, „Франција е земјата која испорача офанзивно оружје на Украина“, „За мир!“.

Водачот на протестот Филип Флоријан напиша дека демонстрации се одржуваат во 29 други градови во Франција, истакнувајќи дека слични демонстрации имало и вчера во Берлин.

На претходниот „Марш за мир“, кој се одржа во Париз на 12 февруари, лидерот на движењето „Патриот“ посочи дека стратегијата на НАТО носи закана од предизвикување на Третата светска војна.

Водачот на протестот Филип Флоријан кажа дека демонстрации се одржуваат и во 29 други градови во Франција

Исто така илјадници луѓе излегоа на улиците во близина на американската воздухопловна база Рамштајн во германската покраина Рајнланд-Пфалц барајќи нејзино затворање, пренесува РИА Новости.

Инаку Рамштајн е една од двете бази во Германија за кои се верува дека има американски нуклеарни боеви глави.

Рамштајн, заедно со Бухел, е една од двете бази во Германија за кои се верува дека се сместени американски нуклеарни боеви глави

На собирот присуствуваа околу 2.500 луѓе, соопшти полицијата, додавајќи дека протестот бил мирен.

Главниот слоган на протестот беше „Американци, одете дома“.

Демонстрантите се собраа со транспаренти и знамиња, вклучувајќи ја и руската тробојка, и повикуваат на прекин на вооружувањето на вооружените сили на Украина и на мировни преговори за украинската криза.

Протестантите исто така бараат и истрага за експлозиите на гасоводот Северен тек.

Средбата беше организирана од германското, австриското и швајцарското антивоено движење.

Организаторите предупредија дека местата како што е базата Рамштајн, каде што се складира американското нуклеарно оружје, би можеле да станат мета во ескалирачкиот конфликт.

Воздухопловната база во северна Германија е најголемата база на воздухопловните сили на САД надвор од САД. Во објектот се распоредени околу 15.000 воени лица, а работат околу 30.000 цивилни специјалисти. Рамштајн, заедно со Бухел, е една од двете бази во Германија за кои се верува дека се сместени американски нуклеарни боеви глави.