Апасиев: Партиската полиција на Спасовски сабајлево се јавува на модераторите на Левица ширум Македонија

На два дена пред одбележувањето на 151 година од раѓањето на еден од најголемите македонски револуционери, Гоце Делчев, полицијата управувана од Спасовски масовно се јавувала на модераторите по Локалните Ограноци на Левица.

Партиската полиција на Спасовски не престанува со тортурата врз левичарите. Сабајлево, десетина модератори на локалните ограноци на Левица ширум Македонија, повикани на “информативен разговор” во полициски станици! – напиша Апасиев

Прашањата поставувани од полицијата до модераторите се поврзани со чествувањето во сабота на македонскиот револуционер. Од партијата сметаат дека преку ова МВР врши директен притисок врз членството на Левица заради тоа што некои од нив најавија присуство на утрешната „ноќна стража“, кај гробот на Гоце Делчев околу црквата Свети Спас.

Организаторите на настанот очекуваат полициските кордони да ја стопрат поворката и да не дозволат доближување на Македонците надвор од делегациите, да се доближат до гробот на Гоце Делчев.