Aпасиев: Со 44 пратеници СДСМ на Ковачевски стана малцинство во сопствената Влада

Изминатиов месец медиумите особено ја актуелизираат темата за влезот на Алисјанса за Албанците во Владата на СДСМ и ДУИ. Според информациите ниту еден од коалиционите партнери на овој владин состав не сака да отстапи од своите министерски места, по што се поизвесно е дека министерствата предводени од кадри на СДСМ повторно ќе се намали.

Ваквиот степен на кадарност и преговарачки вештини не остана незабележан од Апасиев, кој саркастично ги објасни преговарачките способности на неизбраниот премиер.

Колку треба да НЕ ТЕ БИВА за преговарање (од нула до Таче) за со 44 пратеника да „избоксуваш“ да имаш едвај 11 членови на Влада (од вкупно 21) – а партиите на албанското малцинство, со 28 пратеника, да имаат 10 членови на Влада!?

Со уште едно вакво намалување, иако СДСМ на претходните избори освои најмногу мандати, таа нема да биде речиси воопшто доминантна во сопствената Влада која ја формираше.

Апасиев на крајот додаде „е овие истиве, во наше име, преговараат со Бугарија и со ЕУ!“